Нина Бадриќ и одговори на жената што ја покани да копаат компири

|

Со денови, коментарот на една жена се шири на социјалните мрежи и медиуми во кој таа ги кани Нина Бадриќ и Северина да копаат компири, откако Бадриќ се пожали дека нејзиниот тим на соработници немал од што да живее последниве четири месеци.

„За неколку дена ќе береме компири, триесет хектари, во близина на Бјеловар и ни требаат дневни работници, плаќаме 300 куни на ден. Ве молам известете ја пејачкатга дали сака да работи. Само кажете да не влегува во тој дизајнерски фустан од 14 илјади куни, со кој се пофали пред неколку месеци, затоа што деновиве врнеше дожд и е доста калливо “, напиша жената и собра скоро 2500 лајкови и многу коментари.

Нина утрово и одговори на дамата на својот Инстаграм профил. Таа напиша кратка порака на Инстаграм: „Уживањето во нечија неволја е пораз за човештвото“.

Нина веднаш била поддржана и од нејзината колешка Памела Рамjак.

“Дамата постави реклама. Веројатно секој ќе дојдеше кај неа да бере компир бесплатно ако ние како естрада се појавиме таму. Жената има нос за бизнис. Мора да привлече работна рака а очигледно не и оди добро со тоа”, напиша Памела.

„Ние им помогнавме на многумина да ипомогнеме и на неа да ги ископа компирите“, одговори Нина Бадриќ.