Noir bar – новото омилено урбано место во градот

ИЗВОРСкопје24
|

Скопјани се познати по тоа што секогаш сакаат добра забава навечер и место каде што со добро друштво можат да го испијат највкусното кафе во текот на денот. Често слушаме дека на главниот град му недостасуваат нови урбани места каде граѓаните од сите возрасти ќе можат да уживаат, но на листата сега можеме да го додадеме новиот Noir bar кој за среќа на сите се наоѓа во срцето на Скопје.

Без разлика дали сте за кафе-шема или за добра забава за време на викендот, Noir bar ви нуди се.

Забавата ја започна изминатиот петок со одлична журка поддржана од Dj Irie Scratch и Dj David, а забавата продолжува и овој викенд со малку поинаква ретро диско забава. Доколку мислевте дека диско музиката му недостасува на ова модерно време и сакате да се потсетите на најголемите диско хитови овој петок мора да биде во Noir bar.

Секако, доколку не сте миленик на ноќните забави, можете да бидете дел од денската шема и заедно со друштвото и пријателите тука да го испиете утринското кафе, со поглед кон Дебар маало. Сите детали, резервации и дел од атмосферата на отварањето можете да ги погледнете на нивната официјална инстаграм страна ТУКА.