Сите зборуваат за нив, тој е политичар, таа модел, нов пар на македонската сцена

|

Поранешниот Директор на Управата за спречување перење на пари, Ване Цветанов на социјалните мрежи објави фотографија со својата нова љубов. Станува збор за Дунавка Трифуновска, која своевремено ја преставуваше нашата земја на избор за Мис.

Заљубениот пар во моментов ужива на одмор во Турција, од каде се обратија до јавноста за да ги потврдат гласините за својата врска.

Еве што имаше за ова да каже Ване Цветанов во најновата објава на социјалните мрежи: „Во принцип ретко објавувам приватни фотографии, но кога започнувам љубовна врска со жена во вистинска смисла на зборот, мојата врска ја објавувам јавно. После мојата вчерашна објава се разбрануваа голем број на луѓе и следеа доста реакции. Повеќе од 95% беа позитивни честитки и посакување среќа. Изразувам искрена благодарност за убавите честитки и коментари до сите кои што од срце се израдуваа и честитаа преку оваа прекрасна фотографија.
За оние 5% кои што имаат нејаснотии, им посакуваме да си ја пронајдат својата среќа. Од срце Ви испраќаме гушки и поздрави од Турција!“