Нов силен земјотрес ја стресе Хрватска предмалку

|

Денес околу 11 часот во Хрватска е регистриран нов земјотрес. Според ЕМСЦ епицентарот бил во Жажина со јачина од 4.5 степени по Рихтер.

Од Европската сеизмолошка агенција пак наведуваат дека интензитетот на земјотресот бил 3.7 а потоа 4.3 степени. Потресот бил со длабочина од 10 километри, бил почувствуван и во Бања Лука.

Два послаби земјотреси во Албанија предизвикаа паника кај населението

Два послаби земјотреси со јачина од 3,2 и 3,5 степени исто така ја стресоа рано утрово областа околу Драч во Албанија, објавено е на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Првиот земјотрес со јачина од 3,2 степени е регистриран околу 4 часот наутро, додека вториот со јачина од 3,5 степени е регистриран половина час подоцна на длабочина од 15 метри, а епицентрите на двата земјотреса биле во морето, на околу 20 километри од Драч, соопштуваат службите во Албанија.

Според локалните медиуми, иако земјотресите не биле силни, тие ги вознемириле жителите.