Нов силен земјотрес утрово во Грција: Тлото на Крит не мирува

ИЗВОРСкопје24
|

Според податоците на Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина, земјотресот регистриран утрово во 7:48 часот имал прелиминарна јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар бил 23 километри југозападно од градот Хераклион, пренесува Екатимерини.

Луѓето ноќта ја поминаа во шатори и паркови или пак некои спиеја во автомобили по вчерашниот земјотрес што го погоди Крит.

Вчерашниот земјотрес инаку беше со јачна од 5,8 степени, јужно од градот Ираклио на грчкиот остров Крит, според официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Жителите на градот Ираклио ги напуштија домовите и објектите и се на улиците, а според првичните информации, земјотресот траел долго и бил почувствуван на целиот остров.

Епицентарот бил на копно, а не во морскиот дел, 23 километри северозападно од градот Арви, што се наоѓа јужно од Ираклио.