Нов силен земјотрес во Грција – почувствуван и во Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Вечерва земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтер повторно ја потресе Грција, а земјотресот беше почувствуван и во Скопје и други делови на Македонија. Според податоците на EMSC земјотресот е со епицентар 26 км северо-западно од Лариса, на длабочина од 10 километри, односно во истата област како и вчера.

Серија земјотреси беа регистрирани и во текот на вчерашниот ден на територија на соседна Грција, а со помал интензитет беа почувствувани и во Македонија.

Сите тие се реакција на големиот земјотрес со јачина од 6.2 степени кој вчера ја стресе Грција во 11 часот и 19 минути и создаде материјална штета во Лариса каде беа паднати дел од ѕидовите на неколку згради и цркви, но за среќа поголема штета не беше забележана.

За овој нов потрес од вечерва нема информации за материјална или човечка штета.