Новак Ѓоковиќ е изоставен во промотивното видео за Австралија Опен – веројатно нема да настапува

ИЗВОРСкопје24
|

Промотивниот спот за Австралија Опен го изостави Нова Ѓоковиќ. Него го нема ниту во компилацијата на тенисери, па очигледно во Мелбурн баш и не се надеваат на негово доаѓање.

Според промотивниот спот за Австралија Опен, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапува на првиот Гренд Слем турнир за сезоната. Директорот на Австралија Опен, Крег Тили потврдил дека неимунизираните тенисер и тенисерки нема да можат да настапат на претстојниот турнир во Мелбурн.

Српскиот тенисер останал мистериозен во неодамнешната изјава, но од неговиот одговор може да се сфати дека тој сѐ уште не се имунизирал.

“Ќе видеме дали ќе играм. Мораме да почекаме и да видеме. Чекав да ја слушнам одлуката. Сега кога знам, мора да почекаме и да видеме”, кратко одговорил Новак.