Новак Ѓоковиќ ги изненади Слобода, Наташа и Караџиќ: Се појави како специјален гостин во белградскиот театар

ИЗВОРСкопје24
|

Дека еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ ја обожува културата говори и тоа што јавноста често може да го види во друштво на сопругата Јелена во еден од театрите катче на Белград, а токму тоа беше случајот синоќа кога ја изненади актерската екипа во „Театар Звездара“.

Имено, Ноле синоќа се појави како специјален гостин на изведбата на театарската претстава „Тре Сореле“.

Неговата појава ја воодушеви публиката, особено актерите.

Меѓу другите, во претставата играа и познатите актери Наташа Нинковиќ, Слобода Миќаловиќ, Ана Франиќ и Мима Караџиќ, кои по претставата се дружеа со Новак, а потоа имаше и фотосесија која Наташа ја објави на својот Инстаграм.

– Овој човек секогаш и засекогаш. Наш специјален гостин во претставата – рече Нинковиќ, а нема сомнеж дека Ѓоковиќ уживаше во делото.