Новак скршен на прес конференција: “Им се извинувам на цела Србија“

ИЗВОРСкопје24
|

Новак Ѓоковиќ упати извинување кон цела српска јавност што не успеал да ја израдува нацијата со барем еден медал на Олимписките игри во Токио. За жал Ѓоковиќ во полуфиналето изгуби од Александер Зверев, а несреќата да биде уште поголема, претрпел пораз и од Бусто во мечот за трето место, додека поради повреда морал да го предаде и микс-дабл мечот.

Неговото разочарување било големо и било видливо за време на конференцијата за новинарите.

“Им се извинувам на сите навивачи од Србија кои ги разочарав. Знам дека многумина очекуваа од мене медал, и јас очекував. Жал ми е за Нина, но телото ми откажа, играв додека бев на лекови, со болка и со ненормална исцрпеност”, изјави Новак.

“Се надевам дека повредите нема да ме спречат да настапан на US Open, бидејќи не е само една”.

Исто така, Новак не ја пропушти приликата да ја спомне темата за тоа дали зажали што воопшто се појави во Токио, меѓутоа како што рекол, тоа го направил за својата земја.

“Срцето ми е на место, бидејќи знам дека дадов сѐ од себе. Сакам да играм за мојата земја, не успеав, одиме понатаму”, заклучил Новак.