Новата фотографија на Северина со синот е најемотивното нешто што ќе го видите денес

ИЗВОРСкопје24
|

Хрватската поп ѕвезда Северина објави нова фотографија со синот Александар со емотивен опис – „Те чувам љубов мала“.

Оваа прегратка од мајка и син, создадена за време на одморот на Малдивите, каде што моментално се наоѓа пејачката, е една од најемотивните работи што ќе ги видите денес, делумно и поради тоа што на Северина во минатото и било забрането да објавува фотографии со своето дете.

Во мачната борба за старателството, Северина еднаш изјави дека таткото на нејзиното дете – Милан Поповиќ и забранил да објавува фотографии со синот Александар.

Северина во една прилика објавила нивна заедничка фотографија, но детето го маскирала во костим на Спајдермен, за да го спречи судот да ја казни за објавеното.

На новата фотографија Северина и малиот Александар се гушнати заедно. Не можеме да го видиме неговото лице, но можеме да ја видиме нејзината широка, светла насмевка.

Мате Матиќ, адвокатот на пејачката Северина Вучковиќ, потврди дека судот во Сплит донел одлука старателството над синот на Северина да и го врати на Северина, во август минатата година.