Адвокатката за човекови права Амал Клуни и поубавата половина на шармантниот актер Џорџ Клуни го освежија својот изглед со нова боја на коса. Коментарите за малата, но многу ефикасна промена само се слеваат – пофалба до пофалба! Се чини дека таа навистина ја потресе јавноста со овој потег.
Имено, таа својата густа темна коса ја прошара со неколку посветли прамени и покажа дека зимата не е резервирана само за потемни тонови. Во објавата која нејзиниот фризер Димитрис ја објави на социјалните мрежи можевме да видиме дека бринетата сега изгледа уште поубаво и помладо.
Амал ја покажа и својата нова фризура на годишната церемонија на доделување награди во Кенеди Центарот во Вашингтон. Таа се појави со Клуни во никогаш поелегантно издание. Прекрасен црвен фустан кој на феноменален начин ја истакна нејзината облина. А актерот, пак, избра класичен црн костум со бела кошула и црна машна.
Сепак, целото внимание го украде адвокатката во спектакуларна тоалета.