Новата туристичка сезона во Грција започнува од денеска – прв тест одмор за туристи од Холандија

ИЗВОРСкопје24
|

Денеска со чартер лет во Грција треба да пристигнат 189 туристи од Холандија. Поточно овие туристи ќе го посетат грчкиот остров Родос. Седумдневниот одмор на Холанѓаните, сепак ќе биде поразличен и под посебни правила и прописи, како што се неколку тестирања, но и забрана за излегување од хотелот во кој ќе бидат сместени и во кој нема да има други гости.

Три дена пред поаѓањето, но и три дена пред заминувањето ќе им биде направен ПЦР тест, а во меѓувреме ќе бидат тестирани и со рапид тестови. Пилотската програма е во рамките на експерименталните проекти на холандската Влада околу новата болест, а тест-одморот на Родос е во соработка со туристичка агенција.

Можност за пријавување имале лица од 18 до 70 години, а според медиумите биле пристигнати 189-те лица биле меѓу 25.000 пријавени, а избраните туристи сами си ги покриваат трошоците за патувањето во висина од 400 евра.