Нови чисти градови во Македонија: Седум градови без ниту еден активен случај на болеста

ИЗВОРСкопје24
|

Во последните 24 часа дијагностицирани се уште 20 нови случаи на болеста, со тоа што бројката на заразени во државава изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на луѓе кои го изгубија животот е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.

Во седум градови во Македонија нема ниту еден активен случај на болеста а тоа се: Дојран, Пехчево, Демир Капија, Богданци, Берово, Пробиштип и Кавадарци.

Во последниот месец почна значително да опаѓа бројката на новозаразени од корона вирусот, а и министерот Филипче најави дека ќе имаме мирно лето.

Во вчерашното издание на емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија во која тој гостуваше истакна дека смета дека епиде*иолошката слика во земјава е добра и засега можеме да бидеме спокојни.

Состојбата се следи, но истакна дека според она што сега можеме да го видиме нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани во текот на ова лето.

„Засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи оваа болест е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата. Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема случаи на најлош исход. Дозата штити од тешка форма на болеста и губење на животот. Ако продолжиме со ова темпо, полицискиот час ќе се укине, а се очекува да имаме концерти ова лето, семејни прослави. Нема ризик за организирање на такво нешто“, рече министерот Филипче.