Нов детал од истрагата за инфлуенсерката Јанеска: Нејзиниот партнер одбил да се подложи на преглед за неговата поврзаност

|

Пиш толот што беше пронајден покрај безжи вотното тело на македонската државјанка Маја Јанеска, во Јужна Африка бил во сопственост на нејзиниот партнер, Кајл Филипс, кој, патем, е големо име во тутунската индустрија, утврдила истрагата на јужноафриканската полиција која сè уште е во тек, објави порталот „Њуз24“. Јанеска викендот беше пронајдена со про стрелна ра на во главата, а Филипс, како што објавија медиуми во Јужна Африка, бил во куќата.

Порталот „Њуз24“, повикувајќи се на полициски избори, објави дека Филипс наводно одбил да се подложи на преглед од државен пат олог кој е задолжен за спроведување на обду кцијата на Јанеска. Додека разговарале и се обидувале да утврдат дали има некакви траги по телото, се додава во веста на медиумот, тој „буквално бил опколен од своите телохранители“.

См ртта на Јанеска во оваа фаза од истрагата не се третира како сомнителен случај, иако нејзините роднини и блиски пријатели не веруваат дека станува збор за самоу биство.

Јанеска пред неколку денови била во земјава за прослава на признавањето на Македонија од Јужна Африка и за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји во што и самата помогнала.

За време на престојоит во Скопје, таа одржала и мотивациски говор пред студенти на ФОН на кои им раскажала како на 19-годишна возраст се преселила во Танзанија каде добила понуда да работи во хотел, го научила свахили јазикот и започнала кариера како стилистка и шминкерка.