Швајцарија од 8 февруари ќе започне да бара негативен тест за болеста од луѓето кои во земјата влегуваат од високоризичните подрачја, соопшти владата.
Швајцарската влада предложила и да се удвои на 5 милијарди швајцарски франци фондот кој ги финансира федералната и кантоналната влада за поддршка на претпријатијата кои се тешко погодени со ограничувањата за сузбивање на пандемијата на болеста, пренесува Ројтерс.
Во соопштението по состанокот на владата се наведува дека владата е подготвена повторно да ја активира шемата за државни гаранции за банкарските заеми за погодените компании, ако се влоши пазарот за кредити.