Нови услови за влез во Бугарија од 1 септември

ИЗВОРТелма
|

Од среда, 1 септември, странските студенти кои имаат виза „Д“ за долгорочен престој за студиски цели, се примаат на територијата на Бугарија и од земјите што спаѓаат во црвената зона, соопшти бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров.

Бугарското Министерство за здравство потсетува дека учениците, студентите и докторантите кои живеат во Грција, Турција, Србија, Република Северна Македонија и Романија и секојдневно или најмалку еднаш неделно патуваат во Бугарија, како и ученици, студенти и докторанти кои живеат во Бугарија и патуваат секојдневно или барем еднаш неделно во Грција, Турција, Србија, Република Македонија и Романија, се примаат во земјата без потреба да поднесуваат документи.

Исто така, на 1 септември, Република Македонија, Црна Гора, Република Косово, Република Казахстан, САД, Света Луција, Федерацијата Свети Кристофер и Невис и Ирска спаѓаат во црвената зона. Ова се прави согласно промена на листата на земји по зони со различни бои, според која се одредуваат правилата за влез во Бугарија.

Од истиот датум, Италија преминува од црвено во портокалово, а Германија, Естонија, Хрватска, Италија и Сан Марино од зелена во портокалова. Романија преминува во зелената зона.

Од 1 септември, сертификатите за имунизација, тестирање и прележаност, издадени од Република Македонија, Република Сан Марино, Швајцарија, Република Турција, Украина и државата Ватикан се сметаат за еквивалентни на дигиталниот Сертификат на ЕУ.