Нови времиња – Како ќе изгледаат свадбите во 2021 година?

ИЗВОРСкопје24
|

Новите времиња донесоа нови трендови. Иако сеуште не се знае во целост како ќе изгледаат свадбите во 2021 година, едно е речиси сигуно, помалку луѓе, свадби на отворено.

Што би рекле за свадба на некоја плажа или пак свадба во некоја романтична градина?

Покрај тоа, темата на венчавките оваа година ќе биде околу одржливоста и еколошката свест, така што нема да има пластика, а јадењата ќе бидат подготвени од локални добавувачи. Генерално, бројот на гости ќе се намали, па свадбите ќе се одржуваат со помал број луѓе. Венчаниците ќе се позајмуваат од мајки и баби, или ќе се шијат по мерка, додека луксузот ќе остане во втор план.

Во 2021 година, има надеж за вистинска забава, топли свадби без стотици луѓе кои не ги познавате и ги имате видено само неколку пати во животот.

Како ви звучи?