Нови жители пристигнуваат во нашата Зоолошка

ИЗВОРскопје24
|

Јато африкански пингвини наскоро ќе бидат дел од Скопската зоолошка градина. Како што објави директорот на зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски на социјалните мрежи овие животни ќе дојдат директно од Лондон, Англија.

„Живеалиштето е при крај. Со поддршка на Град Скопје го забрзавме и направивме според сите светски стандарди за да ги добиеме овие ретки птици. Вчера од секторот за меѓународни односи ми потврдија дека од Лондон добиваме јато африкански black footed пингвини кои се ретки и атрактивни и ќе бидат вистинска радост за децата“, вели Галетановски.