Новиот британски амбасадор испрати порака на македонски јазик (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Официјалната страна на британската амбасада во Македонија објави видео на својот Фејсбук профил на кое новиот британски амбасадор, Метју Лосон упатува порака на македонски јазик.

„Порака од Метју Лосон, новиот британски амбасадор во Република Северна Македонија.

Некои од клучните приоритети на кои амбасадорот ќе работи за време на неговиот мандат се продлабочување на британско-македонските односи и зајакнување на долгогодишната соработка и пријателство меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија.

Дознајте повеќе на што ќе се фокусира амбасадорот и погледнете ја неговата видео порака на македонски јазик.“, стои во порака на амбасадата на Фејсбук.