Ново бебе во семејството Живојиновиќ?

ИЗВОРскопје24
|

Лекарите и забраниле на Пријовиќ повторно да остане бремена две години по раѓањето на првото дете, но таа се посомневала дека можеби повторно е во блажена состојба.

Лепа Брена организирала ексклузивен семеен одмор за сите да уживаат на далечната, егзотична дестинација на Тајланд.

На ова патување Александра забележала чудни симптоми и била многу исплашена. Најпрво помислила дека повторно е во блажена состојба, иако нема ниту една година откако се породи. Лекарите и рекоа дека не смее да забремени повторно барем наредните две години, откако се породи со царски рез. Но, откако со денови чувствувала гадење и малаксаност, таа му се пожалила на Филип, а тој на шега и рекол дека сигурно е повторно бремена.

Пејачката многу се исплашила од оваа можност, па го испратила Филип во аптека веднаш да купи тест за бременост. Но, таму каде што престојувале, не било лесно да го најдеш тој тест. Во аптеката на нивниот хотел го немало, па Филип морал да изнајми автомобил. Сепак на крај се испоставило дека се работи за лажна тревога и дека стомакот на Пријовиќ само реагирал на некоја храна.