Новогодишната елка на плоштад „Македонија“ симболично ќе светне вечерва во 19 часот

ИЗВОРСкопје24
|

Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ ќе светне вечер во 19 часот, како предвесник на новогодишното празнување во Скопје.

„Поради здравствената криза, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот ќе биде симболично. Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание“, соопштуваат од Градот.

На плоштадот „Македонија“ вечер ќе присуствува и градоначалникот Петре Шилегов.

Според она што го објавија некои од медиумите, елката изгледа прекрасно, ќе биде во можност да ги менува боите и на неа се испишуваат симболи како и голем бел снешко. Веруваме дека децата најмногу ќе се радуваат, но се надеваме дека ова барем малку ќе го подигне моралот на Скопјани, па и дека ќе внесе малку празнична еуфорија во едно вакво мрачно и тешко време.