Новогодишниот огномет над Скопје снимен од дрон (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Во организација на Град Скопје, над 60 000 граѓани од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година во главниот град на плоштадот „Македонија“ со настапот на големата музичка ѕвезда, Дино Мерлин. Веселата атмосфера со пеењето на неговите хитови на новогодишната ноќ дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќеминутниот огномет со кои се означи почетокот на новата година.

Како изгледаше огнометот виден од птичја перспектива може да видите на видеото снимено од дрон од „мacedoniafromabove.mk“

– Веселата атмосфера со пеењето на неговите хитови на новогодишната ноќ дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќеминутниот огномет со кои се означи почетокот на Новата година. Граѓаните во весело расположение си посакаа многу среќа, добро здравје и успеси во Новата 2020 година, соопшти вчера Град Скопје.

Новогодишната забава во Скопје синоќа почна во 20:30 часот. Покрај Дино Мерлин, настапија групите „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“. Со овој концерт завршува и „Винтерленд“, или зимскиот град кој втора година се организира на скопскиот плоштад.

Плоштадот „Македонија“ изминатиов месец беше центар на новогодишните празнувања во Скопје, а граѓаните имаа можност да ја почувствуваат празничната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма. Најголем интерес кај посетителите побуди дигиталната новогодишна елка, како и новогодишните куќички на населбата „Винтерленд“ кои беа сместени на плочникот меѓу ГТЦ и плоштадот. Во близина на куќичките имаше и мала сцена на која секојдневно се организираа настани и концерти наменети за различни возрасти.