Новороденче го поздравува својот татко со огромна насмевка

ИЗВОРскопје24
|

Општо ознато е дека татковците и ќерките имаат посебна врска. Фотографијата што ќе ја видите во продолжение е вистински доказ за тоа. Таткото Флавио Дантас бил толку возбуден дека насокоро ќе ја запознае својата ќерка поради што и зборувал цело време иако таа сѐ уште била во стомакот на својата мајка.

Неговата партнерка објаснува дека секое утро кога се подготвувала за на работа, тој имал навика да го погали стомакот изговарајќи: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“. Кога и да го сторел тоа, бебето веднаш почнувало да мрда.

Веднаш по раѓањето, првото запознавање било неверојатно. Откако таткото и се обратил таа веднаш се разбудила и го поздравила со огромна насмевка.

Фотографија стана вирала и е многу популарна на социјалните мрежи.