Новороденче се насмеа штом го слушна гласот на татка си

ИЗВОРскопје24
|

Кога се роди малата Антонела, нејзината насмевка покажа дека развила посебна врска со нејзиниот татко.

Флавио и Тарсила се новопечени родители од Бразил. Флавио разговараше со својата ќерка секој ден додека таа сè уште беше во стомакот. „Тој секогаш и говорел колку ја сака“, рече мама Тарсила.

Тарсила вели дека Флавио ја поздравувал Антонела секое утро кога одел на работа, и кога ќе се врател од работа. Кога Антонела конечно се роди, не е ни чудо што таа имала таква реакција на гласот на нејзиниот татко.

„Му ја положија додека спиеше и штом сопругот прозборе, Антонела ги отвори очите и му се насмеа“, се подсети мајката.

За среќа, моментот беше забележан со фотографија која стана популарна на Интернет.

Мама ја опиша нејзината ќерка како „подарок испратен од Господ“.

Нека срцето на сите им се радува на Небесениот Татко, исто како што тоа го направи ова бебе.