НУ „Театар комедија“ со рекордна посетеност во изминатата година

ИЗВОРскопје24
|

При целосно разгледување на извештаите за посетеност, НУ „Театар комедија“ утврди дека во 2019 година на својата сцена има реализирано пет премиери.

Секторот аналитика при својата работа утврди и дека во 2019 на сцената на „Театар комедија“ се одиграни вкупно 179 престави, а бројот на посетители за 2019 изнесува 46.609. Меѓу другото се изврши и споредба на бројот на изведби и посетители заклучно за периодот 2017-2019, при што се утврди пораст на бројот на изведби од 62,7 проценти и пораст на посетеноста за 60 проценти.

Со овие бројки кои ги утврди комисијата за аналитика при Одделението за маркетинг и продукција во институцијата, може слободно да се потврди дека НУ „Театар комедија“ бележи огромен раст во својата работа и целосно го заслужува епитетот најпосетуван театар во земјава.