Објавена е листата на заработувачка на тенисерите: Познато е колку заработил Новак Ѓоковиќ на турнирите оваа година

ИЗВОРСкопје24
|

Светската тениска организација ја објави листата на заработувачката на тенисерите на турнирите во текот на 2021 година, а Новак Ѓоковиќ е најдобар на таа табела.

Во 2021 година, првиот тенисер на светот заработил нешто повеќе од девет милиони американски долари (9.100.546) од турнирски награди, што е многу повеќе од второпласираниот од оваа листа, Русинот Данило Медведев, кој заработил нешто помалку од седум и половина милиони долари (7.481 ,271).

Меѓу првите пет се уште олимпискиот финалист на АТП Александар Зверев (6.420.344 милиони), Гркот Стефанос Циципас (3.579.155) и уште еден Русин, Андреј Рубљов (3.331.378).

Повеќе од 1 милион долари на турнирите ширум светот освоиле 37 тенисери, но само еден од нив имал поголема заработка од успесите во двојки, отколку во поединечна конкуренција. Тоа е Французинот Пјер-Хју Херберт кој заработил речиси 620.000 во двојки и нешто помалку од 450.000 на индивидуалните турнири.

Да потсетиме, Херберт пред неколку дена со сонародникот Николас Махут ја прослави титулата победник во игра на двојки на АТП финалето.