Песната „Tukoh Taka“ во изведба на латино ѕвездата Малума, американската раперка Ники Минаж и либанската уметница Миријам Фарес беше претставена како химна на Светското првенство во Катар. Песната комбинира стихови на шпански, англиски и арапски. Музичарите во него пеат и рапуваат за обединување на обожавателите ширум светот и ја слават различноста. Покрај енергичниот танцов ритам, песната „Tukoh Taka“ претставува спој на кроскултурни влијанија на пејачите, а секој од нив носи свој стил на пеење.
Официјалното видео е придружено со клипови од претходно одиграни светски првенства. Како што е најавено, денеска Малума и Фареш за првпат заедно во живо ќе ја изведат песната на отворањето на ФИФА фан фестивалот во Доха. Да потсетиме, првиот натпревар на Светското првенство во Катар се игра в недела од 17 часот кога домашната селекција ја пречекува репрезентацијата на Еквадор.