Објавени песната на македонските претставници од „Дајте музика“ за Детската евровизија

ИЗВОРСкопје24
|

Децата од серијата „Дајте Музика“ со песната „Green Forces“, ќе ја претставуваат нашата земја на Детска Евровизија 2021, која ќе се одржи на 19 декември.

Песната  ја изведуват Филип, Кристина, Анастасија и Миха од популарната серија „Дајте музика“.

Спотот за „Green Forces“ премиерно беше претставен на првиот канал на македонскиот национален сервис и на официјалниот You Tube канал на јуниорскиот Евросонг.

Од страна на МРТ беа избрани децата да ја претставуваат нашата земја во Париз.