Денеска нешто пред 12 часот експлодираше бомба пред зградата на Основниот суд во Подгорица, која ја активирал 40 годишрн маж, кој се самоуби. Црногорец кој случајно се нашол во близина на експлозијата за „Вијести“ раскажа што се случувало во моментот на експолозојата, изјавувајќи дека слушнал „дека нешто експлодирало“, но најпрво не бил сиугрен што се случло.
„Бевме во кафуле што се реновира. Седевме, дојде камион да ја растовари робата. Нешто како да се скрши, мислевме дека паднала рампата од камионот. Една жена почна да плаче, тоа го видовме”, рекол очевидецот.
Тој додаде дека на местото веднаш излегле припадници на полицијата и екипи на брзата помош.
Триесет и деветгодишниот Младен Булатовиќ загинал откако активирал рачна бомба на влезот во Основниот суд во Подгорица.
Според истите информации, во експлозијата на бомба се повредени пет лица, од кои едно потешко.