Од 1ви февруари учениците и наставниците без мобилни за време на часовите

ИЗВОРскопје24
|

Започнувајќи од 1ви февруари учениците и наставниците во основните училишта во Ѓорче Петров наставата ќе ја следат без своите мобилни телефони.

Пред да почне наставниот час тие ќе треба да ги оставаат своите мобилни телефони во специјално изготвените џебови.

– Џебовите ќе бидат нумерирани со бројки по дневник на учениците. Целта е непречено одвивање на наставниот процес. За наставниците кои нема да ги почитуваат насоките, следува дисциплинска мерка – информираат од општина Ѓорче Петров.