Објектите и целиот отпад од „Треска“ се чистат, се отвора простор на парцелата, а неизвесноста останува.
Најцентралното градско подрачје ќе добие нов изглед, а дали порано или подоцна – ниту градоначалникот на Центар не може да гарантира. Инвеститорите притискаат за градежни дозволи, што ќе им го отвори патот до градење згради според параметрите содржани во постоечкиот Детален урбанистички план.
План кој добива епитети на „нелегален и незаконски“ од страна на антикорупционерите.
Пораката од ДКСК до Општина Центар е јасна – не смее да се издаваат дозволи за градење заради двата предмети во Обвинителство, за спорната парцела – се истражува денационализацијата на „Треска“, а проблем е и тоа што ДУП-от за таа локација не е усогласен со Генералниот урбанистички план.
Во случајот со „Треска“, отежната е работата на антикорупционерите – многу повеќе отколку кога се истражуваше парцелата кај „Холидеј Ин“. Претседателката на ДКСК за Телма појаснува дека во првиот случај имале увид во цела папка со документи, но не и за парцелата која е актуелна уште од кога гореа пожари под сомнителни околности.
Сето ова се случува додека случајот со пожарот во кругот на фабриката чека своја разврска.
Тоа што е познато досега е дека човек го предизвикал пожарот на 14-ти април годинава.
Кој и зошто – останува непознато. Кривични пријави сè уште нема, а во одговор за Телма, од Обвинителството кажаа дека се работи на утврдување на вредноста на настанатата штета и ќе се знае дали се исполнети елементи на кривичното дело „Предизвикување општа опа сност“.
Петар Догов