Од денеска нема повеќе примање дози во спортскиот центар Борис Трајковски

|

Пукнтот за им*низација во спортскиот центар ,,Борис Трајковски” од денеска се затвора.

Сите граѓани кои првата доза ја примиле на овој пункт, за втора доза ќе можат да одат во која било од поликлиниките во главниот град.

– На територија на град Скопје, им*низацијатау се одвива во 7 поликлиники. Во две смени работат поликлиниките „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“. Во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари.

Според последните податоци со две дози во земјава им*низирани се околу 730.000 граѓани, односно 43,6 % од полнолетното население.

Државата на располагање има над 200.000 дози, повеќето Фајзер, а секој понеделник преку ковакс механизмот се испорачуваат околу 12.000 дози од овој производител.