Од Ѓорче Петров до Ново Лисиче за само 35 минути со автобус

|

Град Скопје денеска објави тендер за изработка на идеен проект за изградба на „Автобуското метро“ односно брз автобуски систем – БРТ за потегот Ѓорче Петров – Ново Лисиче. Понуди ќе можат да се поднесуваат до 03 Септември 2020 година.

Во тендерската документација,пишува дека За најповолна понуда,ќе биде избрана онаа која ќе биде оценета како економски најисплатлива односно која ќе освои најголем збир на бодови и ќе има најдобар сооднос цена и квалитет. При што цената и квалитетот ќе бидат подеднакво вреднувани, односно и за двата критериума се предвидени по максимални 50 бодови.

Должина на оваа траса за автобуското метро е 12,8 километри, а се проценува дека приближниот број на патници кои ја користат оваа траса на дневно ниво е 65 000.

Според документациајта, ќе треба да се предвиди сообраќајната лента за движење на возилата на БРТ во однос на останатиот моторизиран сообраќај. Оваа лента ќе треба да биде одвоена со посебни разграничувачи, со исклучок на крстосниците каде што треба да остане можност за мешање со останатиот моторен сообраќај. БРТ трасата ќе биде во третата односно крајната лева сообраќајна лента, а доколку тоа не е можно проектантот да достави предлог како е најизводливо.

Предвидено е „автобуското метро“ да застанува на 21 станица во еден правец плус да има и два терминала.

Според Секторот за сообраќај на Град Скопје, оддалеченоста помеѓу автобуските би била помеѓу 500 и 900 метри. Вкупното време за да се помине оваа траса треба да изнесува 35 минути. Делот кај „Рекорд“ каде би бил затворен за сообраќај односно би поминувале само возилата од јавниот превоз. Улицата „Димитрие Чуповски“ би станала пешачка зона и трасата ќе биде наменета исклучило за возила од јавен превоз кои ќе се движат со брзината на движење на пешак.