Од месец ноември воведена нова давачка – Сметките за вода повисоки за 20 отсто

ИЗВОРСкопје24
|

Град Скопје воведе нова давачка – надомест за одржување на јавното градско зеленило, но она што ги иритира граѓаните е што ваквиот надомест е воведен без никаква најава ниту јавно известување.

Надоместот за оваа давачка е во висина од речиси 20% од износот за снабдување со вода и одведување урбани отпадни води.

Ваквата одлука за воведување на надомест за одржување на јавното градско зеленило советот на град Скопје ја изгласал на крајот на месец октомви, по што во ноемвриските сметки се зголемени од 30 до над 500 денари – или на сума од 200 денари за потрошена вода – за одржување зеленило Градот ќе си наплаќа 40 денари.

Како што анализира Република за сума од над 1,000 денари, сега ќе биде додадена и сумата од околу 420 денари за одржување на зеленило. За фирмите кои плаќаат индустриска вода сумата ќе биде речиси двојно поголема.

Градоначалникот Шилегов молчи за тоа зошто не се известени граѓаните за воведувањето на новата давачка.

Од почетокот на годината, тарифите за утврдување на цената за вода ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика. Но, надоместоците, како што се прочистувањето отпадни води, собирање и одведување на урбани отпадни води и новиот за одржување зленило во градот си ги носи општината, или за главниот град – Општина Скопје.