Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

ИЗВОРСкопје24
|

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари Од месецов почнува да важи покачената минимална плата. На сметките на околу 90.000 граѓани кои добиваат минималец, треба да легнат 14.500 денари.

Компаниите кои имаат потешкотии за исплаќање на повисокиот минималец, можат да ја користат мерката субвенции на придонесите која важи за сите кои ќе одлучат да ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари.

Инаку, пред повеќе од еден месец Владата донесе одлука да ја зголеми минималната плата за 2.000 денари. Предтоа, таа изнесуваше 12.507 денари.

Зголемувањето на минималната плата не важи само за приватниот сектор, туку и за вработените во државните органи и институции.

Досега, 90.000 граѓани примале минимална плата од 12.500 денари.