Актерот Раде Шербеџија зад себе има многу успешна кариера која ја гради со децении. Но, покрај работата, тој секогаш беше најгорд на својата приватна улога како сопруг и родител на пет деца, четири ќерки и еден син.
Сите негови деца се љубители на уметноста, филмот, режијата, а само Вања ја најде својата среќа во друга работа.
– Вања има смисла за уметност, но се одлучи за поинаков пат во животот. Студира во Виена и е одличен студент, што е сосема невообичаено кога е моето семејство во прашање. Планира да заврши право или психологија – изјави своевремено Раде Шербеџија за хрватските медиуми.
Вања сака право и психологија и тоа целосно ја исполнува, но го сака и спортот.