Од понеделник се реконструира една од најпрометните улици во Центар, работите треба да завршат до јули

ИЗВОРСкопје24
|

Фрадоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, преку социјалните мрежи денеска најави дека во понеделник ќе започне првата фаза од реконструкцијата на една од најпрометните улици во Општина Центар, но и во Скопје, улицата „Орце Николов“.

Тој објави дека реконструкцијата е поделена во шест фази и ќе се одвива по целата должина на улицата која е под надлежност на општината, на потегот од раскрсницата со бул. „Св. Климент Охридски“ до раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“. Овој зафат ќе ја опфати целата површина од 7.182 метри квадратни и доколку сѐ се одвива согласно проектот, градежните активности ќе завршат во месец јули.

– Со реконструкцијата ќе се даде поголем приоритет на пешаците, со тоа што ќе се стимулираат пешачките токови и ќе се зголеми безбедноста при нивното движење по цела должина на улицата. Ќе се воведат велосипедски ленти кои ќе овозможат поврзување на велосипедистите и корисниците на алтернативни средства за транспорт, со останатите велосипедски патеки кои веќе постојат или се предвидени, наведе Богдановиќ.