ОД СЕВЕР КОН НАШАТА ДРЖАВА ПАТУВА ПОСТУДЕН ВОЗДУХ – ЌЕ СТИГНЕ ВО ВТОРНИК!

ИЗВОРСкопје24
|

Во останатиот дел од викендот повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. До понеделник ќе продолжи да дува умерен, повремено на некои места ЗАСИЛЕН ветер од западен и од југозападен правец (над 60 км/час).

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

Потоа во следните денови ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена облачност. Повремено ќе има нешто повеќе облачност, кога ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од вторник ветерот ќе го промени својот правец во северен и во северозападен и повремено на некои места (особено Долж Повардарието) ќе биде засилен на интензитет. Од вторник па натаму, под влијание на ПОСВЕЖА воздушна маса од север температурите ќе бележат тенденција на ПАД.

Во Скопскиот регион во останатиот дел од викендов ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи, како и засилување на ветерот. Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Повремено ќе има повеќе облачност кога ќе има услови за слаб краткотраен дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 30 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.