Од следната недела услови за првите снежни врнежи и на некои пониски места

|

Веќе од утре под влијание на влажен воздушен бран на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе врне снег. Врнежите се очекуваат посебно во западните предели, а ќе ги има и за време на викендот.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени, додека за време на викендот температурите ќе бидат зналително повисоки и ќе се искачуваат од 12 до 16 степени. Во Скопје утре ќе има услови за дожд, посебно претпладне, а за време на викендот условите за врнежи ќе бидат помали. Температурите се очекува да се искачуваат во интервал од 10 до 15 степени.

Инаку, одсега гледано големо заладување на времето со засиленс еверозападен вете и и врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, но и услови за снег и на пониските места се очекува веќе од почетокот на следната недела, ноќта од понеделник кон вторник, и во текот на вторник. Ваквото време, значително постудено и под влијание на студен воздушен бран од север ќе донесе зимски температури кои се очекуваат на почетокот на месец декември.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki