Од утре дожд, грмотевици и пад на температурите

ИЗВОРСкопје24
|

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 степени.

Во главниот град на Република Македонија исто така ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од утре (вторник) не очекува зголемување на облачноста со појава на локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.