Од утре ќе бидат отворени за користење одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“

loading...

Од утре, 9 јуни, ќе бидат отворени за користење одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“.

Сите заинтересирани граѓани, ученици, студенти, рекреативци, спортски клубови и здруженија на граѓани можат бесплатно да спортуваат и да рекреираат на овие игралишта на песок. Спортските терени Градска плажа „Парк“, ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.

Закажувањето може да се врши секој ден на самите игралишта во горенаведениот период и на телефонскиот број за контакт 072/ 258- 441, во периодот од 10 до 23:30 часот. Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.