Од утре во продажба – Влезниците за Ерос Рамацоти од 1.990 до 3.990 денари

loading...

Утре во 9 часот наутро ќе бидат пуштени во продажба влезниците за концертот на светски познатиот италијански пејач Ерос Рамацоти во Скопје, закажан за на 30 септември 2019 година.Концертот ќе се одржи во ВИП Арената „Борис Трајковски“, во организација на „Авалон продукција“.

Влезницата за во партер чини 1.990 денари, за во фант пит 2.990 денари (само 1.000 влезници), за во трибина (блок 1 и 15)- 2.500 денари.

За во блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14 има силвер ситс и тие чинат по 2.990 денари, а голден ситс има во блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12 и тие чинат по 3.990 денари.

Билетите ќе може да се купат онлајн преку авалон.мк, а за истите ќе има и продажа мрежа за Македонија и Косово на повеќе продажни места, како на пример: „Југотон“, Тера Травел и ТА Метфил во Скопје.

Концертот во Македонија е во склоп на неговата светска турнеја „Животот е таму“ , која ќе почне во февруари од Монако. Турнејата е именувана по неговиот нов албум, кој ќе излезе на 23 ноември, на италијански и на шпански јазик.

„Тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продукција и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто Ерос доживување низ годиниве, покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија“, најавува „Авалон“.

Педесет и петгодишниот пејач и текстописец, еден од најпопуларните италијански музичари има издадено 17 албуми на италијански јазик и 13 албуми на шпански јазик. Во богатата кариера досега продал повеќе од 50 милиони примероци.