Од утре заладување и снег

ИЗВОРСкопје24
|

Под влијание на многу студена воздушна маса од север од утре до четврток следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време, со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска е умерено облачност, а од пладневните часови облачноста ќе се зголемува и од запад ќе почнат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат и поројни. Преку денот ќе дува засилен јужен ветер, кој наместа ќе достигнува 80 километри на час. Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови, каде што на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Ветерот ќе го промени правецот во северен и повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16 степени.