Од Вардар извадени над 30 гуми за 20 минути

ИЗВОРСкопје24
|

Во акцијата за чистење на коритото на Вардар, која денеска ја организираа повеќе граѓанските организации, за само 20-тина минути биле извадени над 30 гуми.

Акцијата што беше спроведена кај течението под мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје, а ја организираше граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“.

Од Вардар извадени над 30 гуми за 20 минути#МакедонијаСеГуши #НеБидиЃубре

Gepostet von Македонија се гуши am Sonntag, 29. September 2019

Акцијата е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести, што трае од 27 септември.

Граѓанската иницијатива редовно спроведува ваков вид акции во насока на зголемување на еколошката култура во градот.

Не е прв пат високиот водостој на Вардар да го исфрли на површина сето ѓубре што со себе го влече уште од погорните текови. Она што луѓето го фрлаа во него реката им ја го враќа назад уште при првите врнежи дожд. Пред неколку дена кога наврна малку дожд можеше да се види и дека во центарот на Скопје огромни купишта пластика се насобраа околу галиите во коритото на реката и под мостовите.

Потрагично е тоа што ѓубрето со денови стоеше таму и никој не го расчистува, па претставуваше лош призор за многубројните минувачи од кој поголем дел се туристи кои деновиве го посетуваат нашиот главен град.

– Ова е сликата на нашата држава, на народот кој живее тука. Институциите спијат иако се избрани да ги решаваат ваквите проблеми. Зарем во центарот на главниот град треба ова да се гледа? Странците што доаѓаат го фотографираат ова и сликите кружат низ цел свет. Дали сме свесни дека се срамиме себе си и идните генерации ? Надлежните под итно да преземат нешто! – вели К.Т. жител на Центар