Огнен водопад: Глетките се спектакуларни

ИЗВОРскопје24
|

Илјадници туристи секоја година се собираат во американскиот Национален парк Јосемити.

Станува збор за националниот парк Јосемити, кој се наоѓа во Калифорнија, во планините Сиера Невада. Еден е од најпосетените паркови, а воедно е и дом на необично природен феномен по име огнен водопад Хорстејл.

Хорстејл е водопад кој не може да го гледате секој ден. Овој водопад се јавува повремено, кога паѓа дожд или ќе се стопи снегот на Ел Капитан.

Огнениот водопад тече од висина од околу 619 метри, а секоја година, во февруари, околу Денот на вљубените, сончевите зраци паѓаат на водопадот давајќи и на водата црвена боја, што ја создава илузија на оган или лава.

Со години било работа на среќа да се биде на вистинско место во вистинско време за да се посведочи овој настан кој го одзема здивот. Поради тоа Арон Мајерс, фотограф и инженер, осмислил компјутерски програм за мерење на аголот под кој Сонцето сјае. На тој начин успеал да предвиди дека 22-ри февруари ќе биде најдобро време за гледање на водопадот, пишува UNILAD.

Минатата година дури 2.000 луѓе го посетиле паркот во еден ден со желба да ги видат и фотографираат огнените водопади. Службената во Националниот парк одлучила оваа година да го ограничи пристапот за колку-толку да ја заштити животната средина.