Огромен метеор падна во Русија, а сега се појави и снимка – експертите велат дека бил со дијаметар од 10 метри (ВИДЕО)

|

Деновиве се прошири информацијата дека огромен метеор падна и се распадна на парчиња при неговото влегување во атмосферата. Настанот се случил во областа Камчатка, Далечниот исток на Русија, а сега на интернет се појави и официјална снимка од истиот.

На видеото, снимено од очевидци, се гледа светкава точка како паѓа од ноќното небо и како истата се приближува кон хоризонтот, потоа силен блесок и на крајот целосно исчезнува.

Експертите велат дека станува збор за метеор, со дијаметар од 10 метри, чијашто енергија на распрскување била во опсег од 1-5 килоотони ТНТ.

Случајот се случи на 10 јануари. Погледнете и самите од видеото во продолжение: