Олеснувања што ги носи новиот закон за имиграција во Германија

ИЗВОРскопје24
|

Oд први март, во Германија стапи на сила новиот закон за имиграција на стручен персонал. Новиот закон ќе ги прошири веќе постојните одредби за имиграција, кои важат првенствено за лица со професионални или академски квалификации.

Важно е дека високото образование или професионалните квалификации мора претходно да бидат признати во Германија. Според новиот закон за имиграција, првиот чекор е да се аплицира за признавање (нострификација) на квалификација во Германија. Доколку се издаде потврда за признавање, следниот чекор е да аплицирате за виза.

Законот ќе го олесни пребарувањето за работа за сите квалификувани работници од земји што не се членки на ЕУ, кои ќе можат да аплицираат за виза со цел барање работа.

За младите кои сè уште не стекнале стручна квалификација, овој закон отвора нови можности.

– Лица под 25-годишна возраст можат да аплицираат за виза за да побараат место за стручно оспособување во Германија.

– Потребното познавање на германскиот јазик се докажува со презентирање на сертификат за положен испит.

– Во правилото за земјите од Западен Балкан ќе се применува одредбата дека лицата на возраст од 45 години или постари мораат да докажат доказ за минимална плата.

Укинато е правилото дека само за одредени, јасно дефинирани занимања постои можност за имиграција. Покрај тоа, укинато е и правилото дека предност при вработувањето ќе им се даде на граѓаните на Германија или Европската унија.

Лицата кои немаат универзитетско или стручно образование продолжуваат да бидат предмет на постојните правила за имиграција во Германија.