Олгица Стојимировиќ: „Македонските жени се најубави и најнегувани жени во регионот“

ИЗВОРСкопје24
|

Anti Aging Center by Promoitalia е местото кое што е единствено во нашата држава, со својата уникатност и професионалност им дава надеж на многу жени дека годините може да бидат само бројка. Успорувањето на процесот на стареењето е една од најбараните услуги во овој центар, а за квалитетот кој може секоја личност да го добие токму овде говорат големите бројки на задоволни клиенти.  Anti Aging Center by Promoitalia месецов го прослави и својот петти роденден, тимот на Скопје 24 по тој повод разговараше со дамата која важи за човек кој е максимално посветен кон својата работа, секогаш беспрекорна и заслужна за Скопје да го има единствениот центар во кој буквално не постојат никакви шанси да излезете незадоволни.

1. Anti Aging Center by Promoitalia е првиот и единствен центар во Македонија кој нуди нешто единствено и посебно за оние кои сакаат да вложат во својот изглед, колку македонските жени внимаваат на убавото лице и тело, дали воопшто имаат време за тоа?

Македонските жени важат за едни од најубавите и најнегувани жени во регионов, кои внимаваат и се грижат за својот изглед. Во нашиот центар работиме со најсовремена софистицирана технологија која ни овозможува брзи и ефикасни третмани, па неретко се случува нашите клиенти да ја користат паузата од работа за да направат некоја интервенција или третман.

2. Anti Aging Center постојано е во тек со светските трендови, колку е тешко да се донесат истите тие овде, и колкава е тежината која ја носите на себе со тоа што важите за успешна жена во бизнисот?

Голем предизвик е да се следат светските трендови, но и голема чест е кога некој нов и иновативен производ или услуга ќе го донесеме во нашето поднебје. Имаме одлична соработка со нашите партнери ширум светот, тие ја препознаваат нашата максимална посветеност, професионалност и сериозниот пристап кон работата. Успехот во бизнисот секогаш е на штета на приватниот живот, но не се жалам, јас сум жена која си ја сака својата работа и веќе 5 години одлично се снаоѓам.

3. Стареењето е неизбежност која доаѓа со текот на годините, Промоиталиа успеа да им стави крај на брчките и видливите знаци на стареењето, дали можеби овој третман е најбаран во вашиот центар, кое е искуството со вашите клиенти?

Во нашата палета на услуги нудиме повеќе процедури против стареење и тие се едни од најбараните. Со нашите едукативни кампањи ги мотивираме младите навреме да започнат правилна грижа за своето лице и да ги одложат знаците на стареење.

4. Освен жените забележуваме дека во денешно време и на мажите не им е сеедно како изгледаат, оттука, дали тие се редовни клиенти, може ли да ни откриете што е она што тие најчесто го бараат од вас?

На почетокот срамежливо се информираа за нашите услуги, но денеска мажите се наши редовни клиенти. Брчките, процедури за проблемите со лицето, третмани за спречување на опаѓање и поттикнување на раст на коса, прекумерно потење, вишок килограми и спортските масажи се едни од најбараните услуги помеѓу мажите.

5. Anti Aging Center by Promoitalia на 11 месецов прослави 5 години од своето успешно постоење, 5 години исполнети со задоволни клиенти ова воедно е и мотив за поуспешна работа, кои се плановите за во иднина?

По повод својот 5-ти роденден ја изненадивме јавноста со нова линија на производи. Се работи за производите TRIX – прва линија на ензимски пилинзи, збогатена со силни антиоксиданси, погодни за сите типови на кожа, за домашна употреба.

Нема да чекаме да помине цела година за да претставиме нови производи и услуги затоа што напорно работиме на воведување иновации и надградување на опремата која ја користиме во нашиот центар.

6. Важите за жена која е негувана и постојано ги следи светските трендови, колку време губите пред огледало за да постигнете беспрекорен изглед?

Доколку е се според планот, минимално. Сите треба да тежнееме да бидеме задоволни со својот изглед кога ќе се погледнеме во огледало. Се шминкам од мала, па владеам со дисциплината. Шминката може да го покаже моменталното расположение, личноста и сензибилитетот, па поради тоа ми е толку инспиративна. Секако, се случува да излезам и без шминка, и тоа не ми претставува никаков проблем бидејќи шминката не ја доживувам како потреба туку како уметност.

7. За крај, што ќе ги советувате нашите дами, кое е животното мото според кое се води Олгица?

Би го цитирала Кристијан Диор, францускиот моден дизајнер: “ Не постојат неубави жени, само жени кои не знаат дека со малку труд можат да бидат убави.“

(Љ.С)