Омилениот вкус од моето детство: пиварките на мојата баба

ИЗВОРскопје24
|

Пиварките на мојата баба. Омилениот вкус од моето детство. Засекогаш ќе имаат посебно место во моето срце.

Ова е најдобриот рецепт за како да направите вкусни пиварки:

Потребни состојки: ½ квасец; 400ml зејтин; 1 шолја од 200ml пиво; 1 пециво; една шолја шеќер (125ml); Брашно за да се замесат претходните состојки.

Потребни состојки за фил: 8 лажици толчени ореви; 4 лажици шеќер; 4 лажици суво грозје. Потребни состојки за шербет: 1 шолја вода; 1 шолја шеќер.

Начин на подготовка: Сите состојки заедно се замесуваат и се обликуваат топчиња. Во средината на топчињата се става филот. Се редат на подмачкан плех со малку зејтин и се печат. Откако ќе се испечат се потопуваат во жежок шербет (водата и шеќерот се загреваат и се добива шербет), а потоа се валкаат во кокос или ореви.