Општина Карпош засади 30 нови дрвја по повод Светскиот ден на животната средина

ИЗВОРСкопје24
|

Комуналните служби на општина Карпош, утринава започнаа со садење на 30 висококвалитетни зимзелени дрвја – туи во населбите Козле и Карпош 3.

Локалната самоуправа продолжува со континуирано зголемување на зеленилото, откако претходно беа засадени и 50 дрвја во повеќе населби.

На 05. јуни – Светскиот ден на животната средина, се потсетуваме дека борбата за заштита на околината е секојдневна. Во изминативе години, општина Карпош работи на зголемување на зелениот фонд, подигнување на нови тревни површини, поставување на системи за наводнување и создавање на маалски паркови по населбите.

Овој период, локалната самоуправа предвидува подигнување на нови тревни површини во урбаните заедници „Владо Тасевски“ и Тафталиџе 2. На дел од јавните површини ќе биде засадена нова трева, украсни растенија, а ќе бидат поставени и системи за одржување на целото зеленило.

Ги повикуваме сите граѓани на одговорно однесување и заштита на животната средина. Сите сме одговорни за чист и зелен Карпош.